Српскиот политичар Срѓан Ного денеска објави ново видео и фотографии од исчезнуваањето на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. Тој е убеден дека фризерот од Велес не е убиен за долг од 500 евра и дека таткото на Вања ги открил сите детали за грабнувањето на ќерката.

Ного се закани дека ќе објавува информации се додека македонските власт не ја кажат вистината.

Доказите во полицијата ги обезбедил татко и ги доставил во полицијата.Заслугите не одат за полицијата туку за таткото.Открил и споил нешто што не требало да биде откриено.Наместо да добие орден затоа што решил две тешки убиства,тој е упасен и медиски сатанизиран.

Српскиот политичар објави и нови фотографии на Панче со еден од киднаперите на Вања на бензиска пумпа во Велес неколку дена пред да исчезне.

Панче дури и го скршил чепот од резервоарот од автомобилот затоа што бил видно нервозен.Пцуел и рекол „одам на друга бензиска да ставам бензи“ ги цитира Ного зборите на Панче.При тоа еден од киднаперите се обидува никој да не го забележи и ја врти главата постојано.По неколку часа се вратил на првата бениска сам, ставил гориво за 500 денари и купил цигари и запалка.