Македонецот Велибор Џаро Џаровски е познат по тоа што наместил повеќе од 80 натпревари во стара Југославија.Урбаните легенди за овој харизматичен шемаџија се прераскажуваат до ден денес,пренесува „Курир.рс“.
Кога пред неколку години полицијата во Белгија уапси голем број осомничени во акцијата „Чисти раце“ за местење натпревари од првенството на оваа земја и перење пари од трансфер на играчи, Џаровски немаше дилема.
– Без разлика на се, таму каде што има Срби и Хрвати има најмногу местенки. Работев и договорив и со Хрвати, па така ќе продолжам и во иднина. Белгиската полиција ја прислушува цела Европа, има многу софистицирани методи против местењет,трди Џаровски.
Comments are closed for this post.