Синоќешниот концерт на „Рибља чорба“ не врати во едно време кога наизуст ги пеевме песните од овој бенд, кога секој текст ни отвораше нови хоризонти.
„Лутка за насловне стране“, Волим жене“ , „Два динара друже“, „Добро јутро“… ги пееше публиката во Арената Борис Трајковски“ во еден глас, „Погледај дом свој анѓеле“ и редица други хитови направија атмосфера и концерт за паметење.
Овациите не стивнуваа, а публиката уживаше во четири часовното шоу од почеток до крај.
Концертот беше во организација на продукцијата „Прагма“, а како предгрупа настапи хрватската рок-група „Атомско склониште“.
Comments are closed for this post.