Во недела во Србија се одржуваат парламентарни и локални избори. На нив Српската напредна партија е огромен фаворит, додека опозицијата е без никакви шанси.Но, овие избори се случуваат токму на барање на опозицијата па претседателот Вучиќ беше приндуден да ги распише.Ако се анализира српската опозиција не може да не се заклучи дека таа во многу наликува на СДСМ кога беше во опозиција.
Лидер на опозицијата е Драган Ѓилас, кој има неколку партии и богатство од 600 милиони евра. Тој буквално ги контролира сите помали партии а тие тоа и не го кријат.
Тие се обединети во една листа наречена „Србија против насилството“ која произлезе од настаните во учлиштето „Рибникар“.
Ги има секакви, леви, десни, проруски.Најважно е да го исполнуваат главниот услов -а тоа е да бидат против Вучиќ и СНС.
Опозицијата нема ни изборна програма, туку го пропагираат ставот дека Србија мора да воведе санкции за Русија и дека мора да се најде решение за Косово.
За делувањето на опозицијата излезе и емисија наречена „Тајкунски руковети“ во која се посочува нивното често менување на ставовите и поддршката која ја имаат од Западот.
Comments are closed for this post.