Во недела во Србија се одржуваат парламентарни и локални избори.Владејачката Српска напредна партија е апсолутен фаворит а опозицијата никако да се помири со поразот па измислува неразумни барања.
Едно од нив е барање до републичката изборна комисија е параваните за гласање во просторијата да бидат свртени кон внатрешноста на просторијата наместо како што е нормално кон ѕидот.
Намерата на опозицијата е секој да може да види за кого го дава гласот а тоа да биде евидентирано од контролорите за гласање. Премиерката Ана Брнабиќ вели дека ова е неразумно барање кое секако нема да биде дозволено, а згора на тоа е спротивно на препораките на ОБСЕ и ОДИХР за гарантираност на тајноста на гласањето.
Comments are closed for this post.