Излезе филмот „Танц со ѓаволот“ , приказна за ирачкиот диктатор Садам Хусеин, првиот лидер кој употребил хемиско оружје против сопствениот народ,. Документарецот ги прикажува Садам и неговото семејство какви што навистина биле. Сепак, главно се фокусира на ужасот на неговото владеење, откривајќи ѝ на публиката свет на мрачни афери, сексуални оргии и застрашувачки мачења.
Целиот свет слушна за поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, но малку се знае за неговата прва сопруга Саџида Талфаха.
Nејзиниот брак со Садам го договориле нивните родители додека двајцата се уште биле деца. Освен тоа, таткото на Саџида бил вујко на Садам по мајка, па тие не биле само сопружници, туку и блиски роднини. Целта била да не се троши богатството надвор од семејството.
Тие се венчале во 1963 година и имале пет деца. Саџида пред бракот работела како учителка, но секако многу напредувала на општественото скалило, особено кога станала прва дама.
Саџида ја оставил за љубовницата Самица со која се оженил. Таа го напуштила својот луксузен живот во 2003 година, непосредно пред почетокот на инвазијата, но не се знае точно каде престојувала. Се претпоставува дека заминала во Катар.
Comments are closed for this post.