Иако најпознатиот адвокат Тома Фила вети дека никогаш нема да го објави писмото што Жарко Лаушевиќ му го испратил од затвор сепак тоа е веќе достапно.Но, не е тој што Фила го објавил туку до него дошол весникот „Борба“ превртувајќи во своите архиви.
Во писмото Жарко му се жали дека не може да издржи во затвор и оти секогаш ќе биде означуван како „убиецот“.
Знам каков борец си. Знам колку веќе имаш направено за мене. Не дозволувај моето писмо да звучи како реторика на неблагодарна личност. Никогаш нема да можам да ти се оддолжам за сето она што веќе си го направи за мене, страдаше со мене… Ако некогаш излезам и ако некогаш добијам шанса, ќе се обидам да ти возвратам (одвратен збор), ќе пробам да ти објаснам колку ми значи и сега додека ти го пишувам ова тешко-пишува актерот во 1993 година.
Comments are closed for this post.