Самитот на ОБСЕ ќе биде можност за средба на највисоките челници на САД и Русија.Како што најави министерот за надворешни работи Бујар Османи во Скопје ќе допатува американскиот Државен секретар Ентони Блинкен како и шефот на дипломатијата на Русија Сергеј Лавров.
Иако сите соседни земји го имаат затворено воздушниот простор за прелет на руски политичари ќе се изнајде начин Лавров сепак да дојде во Македонија.
Пристуството на руски и американски државници во Македонија доаѓа во период на две војни во светот, украинската и онаа во Газа.
Блинкен за прв пат ќе дојде во Македонија додека Лавров беше во Охрид во 2011 година кога преговараше Македонија да биде дел од рускиот тек.
Блинкен е трет Државен секретар кој ќе дојде во Македонија по Колин Пауер и Мајк Помпео.
Comments are closed for this post.