При денешната посета на општина Прилеп во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали постои комуникација на било кое ниво со власта и дали има напредок за датум за избори како и тоа дали е за споени претседателски и парламентарни избори, истакна дека постои комуникација со СДСМ во рамките на парламентот во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборниот законик а ставот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите е јасен тие треба да бидат споени и претседателски и парламентарни на еден трошок.
„Што се однесува до комуникација со СДСМ во рамките на парламентот има средби на кои што се дискутира изминативе неколку денови околу техничките препораки и техничките измени во изборниот законик кои што се дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР и ценам дека тоа треба час поскоро да се заврши бидејќи веќе доцниме веќе сме влезени во фаза 6 месеци пред избори и мислам дека веќе следната недела ќе има сериозен напредок на таа тема. Исто така очекувам и дефинирање на датум за избори, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека изборите треба да бидат заедно да не ги трошиме дополнително парите на граѓаните затоа што ние немаме право да ги трошиме крваво заработените пари на народот. Тоа што некој се обидува преку примитивни би рекол политички логики и комбинаторики повторно сето тоа да го стави на трошок на граѓаните тоа е негов проблем. Но јасен е ставот на јавноста, ставот на граѓаните и ставот на ВМРО-ДПМНЕ, избори треба да има на еден трошок, од еднаш, споени и претседателски и парламентарни за неколку месеци од денес“,нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.