Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси изјави дека сака да одигра проштален натпревар со Барселона.
– Би сакал да можам да се збогувам со луѓето на поинаков начин. Кога заминав имав чудно чувство. Не е добро, со оглед на сето она што го споделивме и живеевме заедно. Ја заслужувам шансата да се збогувам. Барселона е мојот дом, го сакам овој клуб. Ако се одржи прошталниот натпревар, со задоволство ќе учествувам, изјави Меси за „ESPN“.
Меси играше за Барселона од 2004 до 2021 година. Вкупно за шпанскиот клуб одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и 303 асистенции.
Comments are closed for this post.