Правдата и вистината за т.н афера „делчевски ниви“ излегоа на виделина. Со тоа и паднаа во вода изјавите на првите луѓе на власта кои упорно трубеа дека во неа се вклучени луѓе на раководството на ВМРО-ДПМНЕ но и самата партија.

 Тука пред се е министерката за одбрана, Славјанка Петровска која  тврдеше дека парите од продажбата на нивите во Делчево завршиле во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за случај отворен од Управата за финансиска полиција, а обелоденет на денот кога требаше да се гласа за недоверба на Владата во Собранието.

За жал на Славјанка и на врвот на СДСМ постапката е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, од кој клучен е претставник на Владата.

За ова Јавното обвинителство веќе се изјасни дека е можно да има обвинение за давање лажен исказ.

 

Иако СДСМ навиваше и очекуваше да има обвинение, предметот се урна благодарение на пресвртот што го направиле сведоци менувајќи го исказот. Основното јавно обвинителство Скопје тврди дека немало друг избор освен да ја прекине постапката и затвори истрагата.

 

Затоа сега се поставува прашањето дали СДСМ и премиерот Ковачевски ќе се извинат за сеењето лаги во јавноста.Но, малку е веројатно дека тоа ќе се случи бидејќи за да се извиниш дека си лажел и манипулирал треба да имаш доблест и образ.

Предметот „дечевски ниви“ се однесуваше на купување земјиште од ЕВН Електрани за изградба на фотоволтаични централи, кое наводно било платено 40-тина пати поскапо од реалната пазарна цена. Осомничени за измама беа двајца управители од компанијата, како и уште пет други лица кои се гонеа за помагање.

Истрагата на скопското обвинителството се фокусираше на тоа дека двајцата управители ги довеле во заблуда членовите на Управниот одбор за да се донесе одлука за купување на земјиштето по нереални цели.

Објаснувањето од обвинителството упатува на тоа дека токму членови на Управниот одбор, пред сè, претставникот на државата која има 10 отсто удел во ЕВН, се оние кои го направиле пресвртот. Првичните искази беа клучни за старт на постапката, односно тврдеа дека не би гласале за одлуката за купување доколку ја знаеле точните податоци за земјиштето, односно дека станува збор за шуми.ж

Обвинителството јасно утврди дека нема случај. Народски кажано бил оформен предмет на лажен исказ или предмет со намера само за да се наштети на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.

„Делчевските ниви“ почнаа да ја брануваат јавноста пред околу две години кога во 2021 пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески ја информираше јавноста дека Финансиската полиција упаднала во неговиот дом и врши претрес. Всушност, претресот беше во домот на татко му како вработен во ЕВН.

Истрагата опфати купопродажба на 48 парцели чија пазарна вредност обвинителството ја процени на речиси 35.000 евра. Меѓутоа, тие биле продадени на ЕВН Електрани за 1,6 милиони евра По правосилноста на одлуката за запирање на постапката, ќе бидат одмрзнати и парите кои беа замрзнати на сметките на до неодамна осомничените продавачи.

Станува збор за парцели во Делчевско и Беровско, кои биле во сопственост на четворица од вкупно седумте осомничени во истрагата. Кога Петровска говореше за случајот излегува дека кажувала само лаги, поточно клевети.

„Јавноста е запознаена дека Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија. Станува збор за голем скандал.

Според јавно објавените информации преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин. Постои основано сомневање дека на крајот овие црни пари завршиле во белиот дворец“, рече тогаш Петровска.