Поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за ТВ 21 изјавил дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.
„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“.
Јанакиески додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.
По Јанакиески и екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за ТВ21 вели дека го осудува бегството на екс-премиерот Никола Груевски.
„Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде“, рече Гордана Јанкуловска
Таа рече дека ќе продолжи да присуствува на судските рочишта
Comments are closed for this post.