Проблемот со учебниците трае неколку години односно откако поранешната министерка Мила Царовска дефакто ги укина учебниците и ги забрани за тие да бидат дигитални.Но и дигитални учебници никогаш не добивме.Сегашниот министер после долго размислување и под притисок на јавноста одлучи да печати учебници, објаснува Весна Јаневска, претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Република“.
Иако тој рече нема пари, пари за сѐ може да нема но за учебници мора да има.Особено што и законот за основно образование го обрзува министерството да достави учебници на први септември.Се појавија проблеми и со пишувањето на учебниците а потоа и со рецензијата.По концепцијата на Царовска Бирото доцна ги изготуваше програмите.Факт е дека за да се направи еден добар учебник не може да биде за еден месец.Авторите кои се нафатија да пишуваат по нарачка направија голем број грешки кои после мораше да се повлекуваат и дупло да се трошат средства.Рецензетските комисии беа исто така притиснати брзо да ја сработат работата што е неможно и затоа се појавија грешките и дел од солидните рецензенти се откажуваа затоа што се чесни луѓе и сакаат и сакаат да ја сработат работата како што треба.Проблем има и со јавните повици или тендери.Се објавува тендер па од непознати причини се повлекува без образложение или со образложение кое не држи.Се говори дека има фаворизирани фирми.Најсериозно е тоа што сите институции одговорни за печатењето одговорни за печатењето на книгите не си ја сфатија сериозно работата-ги набројува проблемите Јаневска.
Таа потсетува дека не недостасуваат учебници само од шесто одделение.
Недостасуваат повеќе учебници.Недостасува математика за трето одделение, скоро сите учебници за шесто одделение.Бирото за образование на својата веб страна објави материјали за учење.Ги нарекоа материјали за учење за да не го прекршат законот кој вели дека на први септември треба да има учебник.Сега ова наводно е помошно средство за учениците.Сега ова наводно е помошно средство.Овие материјали за учење ги објавија на веб страната па родителите во „бесплатното“ македонско здравство ги печатат во фотокопирници.А минитерката Царовска и тоа го забрани па ги казнуваше фотокопирница.После ќе се прашуваме зошто нашите деца не постигнуваат резултати на тестирањата-еве зошто.
Јаневска посочува дека учебник за еден месец не може да се направи и затоа има грешки.
Одговорноста е кај рецензентската комисија ,кај Бирото за развој и кај Нациолналната комисија.Јас се сомневам дека никој не го погледнал учебникот. Рекоа дека повлекувањето на учебникот со грешки ќе чини од 200 до 300.000 евра и одговорност за никого нема.Од парите од буџетот од граѓаните потрошивме за ништо, за нешто што ќе се фрли во ѓубре.
Според Јаневска, штетата која на направи поранешната министерка Царовска во образованието е огромна.
Дали нејзината концепција ќе ја укинеме или ќе ја ревидираме зависи од тоа што концепцијата е врзана со кредитот од 22,5 милиони евра.Ако тој кредит е поврзан баш за концепцијата ние не можеме да речеме дека ќе ја укинеме, но сериозно ќе ја ревидираме и ќе направиме наставни планови и програми кои ќе бидат соодветни за нашето подрачје, блиски до учебниците и наставниците.Нема да биде лесно ниту брзо.Од ВМРО многу се очекува а сакаме наставниците да бидат задоволни а нашите деца да знаат исто колку што знаат децата во Европа.
Таа посочува дека и кога ќе се смени власта повторно може децата да останат без учебници а тоа нема да биде по вина на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако изборите бидат во мај и додека се формира владата ќе дојде септември.Обврската за учебнците останува на оваа влада.Јас ова со време го кажувам да не се случи да речат „еве и вие немате учебници“. Но за следната година ќе имаме и програма и планови и учебници.Секое дете на први септемви ќе има комплет учебници.
Според неа ,Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ треба да утври политичка одговорност бидејќи таа не е суд.
Анкетната комисија ќе го поткрене нивото на одговорност на оние кои треба да ги направат истрагите.Луѓето бараат одговори иако сето ова што го кажуваат луѓето се докаже дека е точно треба сериозно да одговараат и да завршат со долгорочни затворски казни.Не само нехумано на болен да му го земеш лекот, тоа е предаторство за да го продадеш за пари.Лекарската професија се базира на доверба меѓу докторот и пациентот и ако не постои таа довреба ти не си никаков лекар. И сега срамот на одредена група се префрли на целата фела доктори а имаме многу чесни лекари.
Јаневска и стручно објани што се случувало на „Онкологија“.
Верувам дека ова не се случило на секој пациент.Дали е можно-да можно е.Дали пациентот примал физиолошки место лек треба истрагата да покаже.Докажливо е дали отварале лажни истории, влезот и излезот на лековите, колку пациенти примиле и каде се останатите, дали се некаде продадени…..Не можеме да тврдиме дека некој пациент починал затоа што не го примил лекот, сепак станува збор за многу сериозна болест и факт е дека постојат пациенти кои ќе го примат лекот но за жал ќе починат.Затоа велам дека тоа е тешко докажливо.Но другите елементи се докажливи и очекувам точно со име и презиме да имаме кој отворал лажни истории, каде се лековите, бројот на ампулите, тоа треба да се докаже и ова е еден од начините да кажеме дека сме организирана држава.Ако не се докаже сега ќе се докаже кога ВМРО ќе дојде на власт. Ќе има сериозна истрага и мора да има завршница.Одговорноста не може да биде колективна на цело здравство.Исто така пациентите треба да знаат дека не секој од нив може да прима биолошка терапија. Сега сите се чуствуваат засегнати и велат „мене не ми дадоа“..Без оглед што туморите се под иста дијагноза кај различни пациенти имаат различни карактеристики.За да прими билошка терапија пациентот туморот треба да има рецептор за таа билошка терапија.Тоа се како некои рачиња и со другата рака која ја носи лекот тие треба да се врзат за да има ефект.Доколку туморот ги нема овие рецептори залудно се дава биолошка терапија, таа може да делува на околното ткиво а туморот и натаму ќе прогресира.И тука може да се види дали сите што имале рецептори ја примиле билошката терапија-објасни професорката.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески
Comments are closed for this post.