На деветти октомври, пред 88 години, во Марсеј беше убиен кралот Александар Караѓорѓевиќ, монархот на првата Југославија.
Атентаторот Владо Черноземски, тоа е неговиот псевдоним, вистинско име Величко Димитров Керин, го убил кралот Александар на лице место. Черноземски беше смртно ранет, а потоа исечен со сабји од припадници на француската жандармерија. Тој починал во блиската канцеларија на француската служба за безбедност.
Почина, како што тврдеа француските безбедносни сили, без да каже ниту збор. Кај него биле пронајдени два пиштоли, две бомби и чехословачки пасош. Атентаторот го добил пасошот од чехословачкиот конзулат во Загреб, а во документот било напишано и името Петрус Клемен.
Comments are closed for this post.