Кујната на Дијана Ѓоковиќ е сосема поинаква од онаа што ја преферира нејзината снаа Јелена. Додека сопругата на Новак Ѓоковиќ инсистира на здрава и веганска исхрана, неговата мајка е многу поопуштена во оваа смисла, па кога биле мали им приготвувала се што ќе посакаат на синовите. И тоа било главно нешто слатко
Најчесто му правев бајадери, палачинки, колачи со бисквити и маркиз. И не само Ноле, сите тројца сакаа слатки – откри Дијана.
Најдобриот тенисер на денешницата сака бајадера по овој рецепт.
Потребни ви се 100 гр чоколадо за готвење, 200 гр мелени ореви, 250 гр мелени бисквити, 400 гр шеќер, 200 гр путер, 200 мл вода. За глазурата потребни се 100 гр чоколадо и три лажици масло.Смесата поделете ја на два еднакви дела, а во еден ставете 100 гр стопена чоколада. Со хартија за печење обложете плех со димензии 16 х 25 см, па во него истурете ја чоколадната смеса и убаво израмнете ја. Почекајте малку да се згусне, па додадете го полесниот дел, смесата со оревите и бисквитите. Одозгора прелијте ја чоколадната глазура. Кога бајадерата ќе се стегне, исечете ја на шипки.
Comments are closed for this post.