Власта од една страна најавува дислоцирање на обложувалниците и казината со цел овие пороци да не им бидат лесно достапни за младите.Но, тоа за за јавноста. Во реалноста власта, поточно Артан Груби дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање.
Се работи за три нови онлајн коцкарници, во партнерство со државната лотарија – односно со државата!.
Дали фирмата којашто партнерски ќе работи со владата во Македонија е онлајн коцкарницата 8888.бг, од Бугарија?Дали оваа фирма не е позната како фирма на бугарското подземје, на групацијата на познатиот Васил Бошков, т.н. Черепот, познат на законот во Бугарија, којшто живее во Дубаи?-прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Васил Божков е бугарски олигарх и главен идеолог и движечка фигура на Граѓанската платформа „Бугарско лето“. Тој најбогатиот Бугарин со богатство проценето меѓу 1 и 3 милијарди лева познат по прекарот Череп. Важи за голем колекционер на ретки антиквитети и уметнички слики.
Во јануари 2020 година, Божков ја напушти Бугарија и побегна во Дубаи за да избегне притвор, по што беше обвинет за повеќе обвиненија, вклучувајќи убиство, перење пари, даночно затајување.
Божков има 64 години и неговите две приватни лотарии,од кои една во Грузија и обложувалници имаат годишен профит од над 200 милиони лева.Тој во една прилика изјавил дек парите ги направол во во годините кога се играло без правила. Освен што е одличен математичар, Божков е и познат покераш.
Вози уникатен модел „Mercedes Maybach“ вреден 700.000 евра.
Comments are closed for this post.