Новак Ѓоковиќ проговори за специфичната диета која ја практикува на паузите од натпреварите.
Таа се состои од данани, урми и вода.Урмите имаат импресивни здравствени придобивки. Покрај изобилството на витамини и минерали, тие се богати со антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, го штитат мозокот и срцето и го подигнуваат нивото на енергија и кондиција.
Три урми содржат околу 200 калории, 54 грама јаглени хидрати со околу пет грама влакна, еден грам протеини и без масти. Оваа количина, исто така, обезбедува помали количини на широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи витамини Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган.
Comments are closed for this post.