Владата на Република Македонија и Министерството за Внатрешни Работи да водат сметка и сносат одговорност за театарот што им го сервираа на своите граѓани изминативе два дена во врска со апсењето на Груевски, бараат од Алијансата за Албанците.
Јавно ја прашуваме Владата на Република Македонија и МВР, кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски?
На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за оваа бегство?
Владата на Република Македонија да преземе одговорност за овој скандал што сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашалник владеењето на правото, што со последните случувања ја поткопува еднаш засекогаш надежта на обичниот граѓанин на РМ дека еден ден ќе има правда во оваа држава.
Comments are closed for this post.