Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека нема да биде изненадување ако Хрватска и го прави на Србија она што сега и го прави Бугарија на Македонија.
Секој секого може да блокира-вели Вучиќ за „Република“.
Тој објасни дека Србија го сака македонскиот народ, ја почитуваат државата и не бараат ништо за возврат.
Мораме да се претставуваме како единствен блок колку што тоа е можно и покрај нашите разлики и така да настапуваме пред ЕУ. Секогаш на форумите говорам дека Србија го признава македонскиот јазик и територија како и Црквата и немаме таков проблем. Ќе продолжиме да водиме таква политика-објасни Вучиќ на прашањето на „Република и „Pressing TV“.
Comments are closed for this post.