Возачот на пунтото кој возеше по спротивен правец на автопатот „Милош Велики“ близу Белград најверојатно се снимал за на тик-ток.Познавачите на жртвата Дејан Ј. велат дека тој бил фер човек но по малку чуден.
– Живееше сам, правеше масажи и продаваше правосмукалки. Беше малку чуден и необичен, осамен лик, но никогаш не правеше проблеми и не беше арогантен. Не веруваме дека сакал да се самоубие на овој начин, особено што имал сопатник во автомобилот. Таа можност за нас е сосема невозможна. Од друга страна, снимаше клипови за социјалните мрежи, учествуваше и во живо и зборуваше за разни работи.
Comments are closed for this post.