Мечот од квалификациите од Лигата на Европа ја покажа реалноста. РК Вардар никогаш немал послаб тим. Можеби неговите навивачи беа помалку разгалени од европските успеси па сега тешко им паѓа да го гледаат како се мачи.
Да, Вардар во моментов има просечна екипа со уште потпросечни странци. Единствена светла точка се домашните Томовски и Георгиевски и Дарко Ѓукиќ од Србија.Останатите-тенко.
Но, како што велат колку пари толку музика. А Вардар оваа година ќе се бори за третото место во домашната лига и за некоја победа во регионалната лига.
Со овој тим и тоа е многу.
Comments are closed for this post.