Откако првиот човек на бугарската фондација „Виктор Стојанов“ се пофали дека презеле клуб од Третата лига исток веќе има конкретен резултат.Клубот кој стана бугарски ќе се вика „Јунак“ и станува збор за преземеање на веќе постоечки клуб од Истокот.
Стојанов објави дека станува збор за клуб од Третата лига исток.
Намерно нема да го кажам името на тимот, но е од третата лига исток, а седиштето на тимот е блиску до бугарската граница.
Кога ќе се погледне табелата на Третата фудбалска лига-исток има неколку тимови кои се во близина на границата со Бугарија.
Тука е Брегалница од Делчево, иако за волја на вистината овој клуб се изјасни дека не е на продажба, потоа Малеш од Берово кој исто е во близина на границата со Бугарија,Спартмани од струмичко Балдовци, и Тиверија од Струмица.
Comments are closed for this post.