Гласањето на дневниот ред заа седницата за уставни измени само го потврди тоа што сите го знаеја, па дури и власта на СДСМ и ДУИ, а тоа е дека нема 80 пратеници за промена на уставот. Вистината излезе на виделина.Со тоа паднаа сите лаги дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени, дека им фалат уште двајца па уште тројца пратеници.
Гладна кокошка просо сонува, вели народната. Вистината е дека власта никогаш немаше мнозинство за промена на уставот туку се надеваа дека по истото сценарио како со уставните измени за Договорот од Преспа некој друг ќе им ја заврши работа, амбасади, обвинителство, некој од „горе“.
Не за џабе претставниците на ЕУ и на САД излегуваа со изјави небаре работата е завршена. Кој знае што им ветувале на средбите Таче, Бујар и компанија.
80 пратеници се обезбедуваа само ако опозицијата од почеток беше вклучена во преговорите за уставни измени, без неа нема мнозинство.
Само така ќе се дојдеше до предлог кој можеби ќе беше прифатилив и кој немаше да биде во спротивност со националните интереси. А националните интереси се последно за што се грижи власта.
Таа се грижи само како да го истурка мандатот до крај бидејќи се свесни дека одат во опозицијата а тоа не значи само губење на власта. Тоа ќе биде најмалиот проблем за нив, за она што следува, а тоа е одговорност за националнниот и економскиот пустош што го оставаат.
Comments are closed for this post.