Навивачите на Динамо Загреб се однесени во обвинителството по убиството на навивач на АЕК. Лицата ги покриваа со маици, капи или очила за сонце…
Хрватските хулигани, навивачи на Динамо Загреб, во средата беа спроведени под драконски безбедносни мерки од обвинителството.
Со големо присуство на полициски сили, дури 94 уапсени за бруталната тепачка во која беше убиен навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, беа пренесени од притвор во четири автобуси.
Граѓаните на Грција се собраа пред судот и полудеа кога ги видоа уапсените хулигани.
„Нема да си одите живи од овде, фашисти, убијци, Хитлери“, им извикуваа насобраните на хулиганите.
Хрватските навивачи го објави и идентитетот на наводниот убиец.Станува збор за Домагој Пезер кој има само 19 години.
Comments are closed for this post.