Бугарските медиуми денеска објавија дека ќе снимаат филм за нивниот Цар Борис Трети и дека главната улога ќе ја има шпанската звезда Антонио Бандерас.
Навистина не може ништо да му се забележи на заводникот Бандерас што ќе игра лик што кај Македонците буди лоши спомени од минатото.
Тој си работи за пари и тоа е сосема легитимно, но овој филм отвора многу прашања што ги засегаат македонско-бугарските односи.
Бугарите со ништо не се условени да снимаат филм за нивни историски личности, за разлика од нас. „Благодарение“ на Договорот за добрососедство на Заев и Борисов, Македонија ќе треба да бара дозвола и да ја праша Бугарија ако сака да сними филм за личности од македонската историја.
Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамернапропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти,насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетилена нивните односи-се наведува во договорот.
Цар Борис Третиво бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, во чие владение Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија.
Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија.Цар Борис Трети и Владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијатана повеќе од 11.300 Евреи од Македонија, Грција и Србија.
Цар Борис Трети на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија.Почина ненадејно на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на АдолфХитлер во Берлин.
На престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарскатадржава до септември 1946 година, а од јули 2001 до август 2005 година беше премиер наБугарија, под името Симеон Сакскобурготски.Името на Цар Борис Трети го носеше името на затворениот клуб во Охрид.
Comments are closed for this post.