Во луксузното одморалиште Форте деи Марми на брегот на Тиренското Море во Тоскана, претседателот на Украина Володимир Зеленски и сопственикот на руската приватна воена организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин имаат свои приватни вили во непосредна близина, пишуваат германските медиуми.

Слободно може да се каже дека од вилата Зеленски до вилата Пригожин има само пет минути пешачење низ мирното соседство Виторија Апуан, под сенката на стогодишните борови и расцутените бугенвили во ова луксузно одморалиште.