Дури 7.5 проценти од испитаниците се изјасниле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар на кој најмногу му веруваат. Само 4.5 проценти имаат доверба во премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски покажува најновата анкета спроведена во период од први до 21 јули на 1211 полнолетни граѓани од истражувачката агенција Брима Галуп.
На прашањето во кој политичар од Македонија најмногу верувате дури 7.5 проценти од граѓаните одговориле дека најмногу веруваат во лидерот на опозицијата Мицкоски, додека премиерот Ковачевски е на дури петтото место со само 4.5 проценти доверба од граѓаните.
Од албанскиот блок прв со најголема доверба е претседателот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети со 5.1 процент.
ВМРО-ДПМНЕ е изборот на граѓаните доколку денеска се одржат предвремените парламентарни избори. 19.5 проценти од граѓани одговориле дека доколку денеска се одржат парламентарни избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а само 13.6 од испитаниците одговориле дека доколку денеска се случат предвремени парламентарни избори би гласале за СДСМ.
Во албанскиот политички блок најмногу поддршка има ДУИ со 5,9 проценти, но втора партија која е блиску до ДУИ е БЕСА на Билал Касами. Имено на прашањето за која партија би гласале доколку денеска се одржат предвремени парламентарни избори 4.8 проценти од граѓаните дале поддршка за БЕСА, додека 3.2 својата поддршка би ја дале на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари.
На прашањето ако се формираат предизборни коалиции за која коалиција би гласале доколку денеска се одржат избори, тогаш победат би ја однела коалицијата на БЕСА, Алтернатива и Огнената група на Изет Меџити со 26 проценти, додека само 23.4 проценти од анкетираните граѓани би гласале за коалицијата на ДУИ, Алијанса на Албанците и ДПА на Мендух Тачи.
70 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока. На прашањето дали мислите дека работите во државата одат во добра или погрешна насока, дури 70 проценти од испитаниците сметаат дека Македонија со владата на СДСМ и ДУИ не се движи во добра насока, додека пак само 21 процент сметаат дека државата се движи во добра насока.
Comments are closed for this post.