Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, деновиве летува во Хрватска.
Федерер пристигна на Јадранот со семејството, сопругата Мирко и четирите деца од Мајорка каде претходно летуваа.
Не е првпат да летува на Јадранот, така беше и пред две години, кога со семејството престојуваше на Лошињ.
Федерер овој пат реши да ужива во убавината на националниот парк Крка, па се снимаше во Скрадин.
Интересно е што многумина не го препознаа, само неколку жители се приближија да се фотографираат со него.
Comments are closed for this post.