СДСМ и ДУИ се должни да дадат одговор во јавноста за тоа каква е нивната поврзаност со израелско-македонската фирма која работела на шпионскиот софтвер Предатор, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа фирма САД ја стави на црната листа. Станува збор за фирмата Сајтрокс, која во Скопје го развивала шпионскиот софтвер Предатор. За истиот канадската универзитетска организација Ситизен Лаб откри дека се користел за незаконско следење на граѓани. Причина фирмата да биде на црната листа како што наведуваат од САД е нарушување на сајбер-безбедноста. Според САД фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот.
Информација дека Македонија има купено софтвер за шпионажа Предатор објавија и грчки истражувачи.
Од Димитар Ковачевски немаше никаква реакција, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука се појавуваат низа на дилеми и прашања.
Јавноста мора да добие одговори на следните прашања, прво зошто јавното обвинителство молли за овој скандал, второ, зошто Ковачевски молчи за шпионскиот софтвер, трето, дали Ковачевски можеби дал зелено светло за овој софтвер користен за следење на граѓаните?
Comments are closed for this post.