Поранешниот голман на милански Интер, Андре Онана, потпиша денеска договор на пет години со премиерлигашот Манчестер јунајтед.
Според дел од британските медиуми, трансферот е вреден 55 милиони евра.
Се очекува Онана веднаш да им се приклучи на новите соиграчи кои се во Њујорк на подготовки за пријателски натпревар против Арсенал.
Камерунскиот 27-годишен голман седум и пол години бранеше за холандски Ајакс пред минатиот јули без обесштетување да се пресели во редовите на Интер.
Comments are closed for this post.