Генералниот секретат на Движење Беса, Абдуш Демири на прес-конференција денеска побара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“ и единствена ориентација да биде „Берлинскиот процес“. Според Демири, тој процес суштински ја содржи евроинтеграцијата на сите народи, безусловно, почитувајќи ги вредностите на сите.
– Движењето Беса бара од Владата на криминалот и корупцијата, да се откаже од проектот „Отворен Балкан“, особено кога Косово е занемарено во оваа иницијатива. Заедничките проекти се реализираат само со добрососедство засновано на меѓусебно признавање и со злосторства врз народ на кој не му побарале прошка и сè уште нема одлука за геноцидот врз човештвото. Сите проекти кои ги нарушуваат интересите на народот, а особено на Косово во оваа ситуација, остануваат неприфатливи. Бараме од ДУИ (прогласена како промотор на Отворен Балкан) заедно со нивните вазали, да ги следат позициите на Косово, кои се против секој проект што ја враќа албанската нација во руско-југословенски „канџи“. Воедно, ве повикуваме да не ги користите идните посети кои се организираат во Тирана, за „фотосесии“ на мрсните вечери што се служат во овие времиња на кризи и конфликти на Балканот и пошироко.Движењето БЕСА продолжува да биде против каква било иницијатива, која нема да се заснова на добрососедство, проевропска агенда и меѓудржавно меѓусебно признавање, порача меѓу другото Абдуш Демири, генерален секретар на Движење Беса.
Претстедателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари го изрази својот став и ставот на партијата со која раководи, во врска со Отворен Балкан, иницијатива која неодамна ја напушти владата не Република Албанија.
„Сакам да ги уверам граѓаните дека Алијансата за Албанците се оградува од секоја нова иницијатива на Владата на Република Cеверна Македонија во рамките на веќе прекинатиот механизам познат како Отворен Балкан“ – напиша Таравари.
Тој оценува дека со излегувањето на Република Албанија од Отворен Балкан, овој механизам станал бесмислен и нелегитимен.
„Дупликативните и неинклузивните механизми кои создаваат Западен Балкан со две брзини, не му помагаат на интегративниот дух во регионот. Патот напред е јасен: веќе потпишаните договори во рамките на Отворениот Балкан мора да бидат целосно интегрирани и имплементирани во рамките на Берлинскиот процес, почнувајќи од октомврискиот самит во Тирана“ е ставот на Таравари и на неговата партија.
Comments are closed for this post.