Бугарскиот претседател кажал оти Софија најсилно ја посакува интеграцијата на Македонија во Европската Унија, но дека претходно мора да ги спроведе преземените обврски. Прашањето за правата на Бугарите во земјава, рекол Радев, не е билатерално ниту, пак, е балкански спор, како што се обидува да се претстави, туку ги засега основите на ЕУ
Бугарија не поставува нови услови за европската интеграција на Македонија, но инсистира земјата да ги исполни веќе преземените обврски од преговарачка рамка која ја усвои минатата година.
Ова, како што јави Бугарската национална телевизија (БНТ), го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев во својот говор за време на синоќешната промоцијата на книгата „Борбата на македонските Бугари за права и независност. 68 случаи од периодот 1944-1994 година“.
Радев кажал оти Софија најсилно ја посакува интеграцијата на Македонија во Европската Унија, но дека претходно мора да ги спроведе преземените обврски. Прашањето за правата на Бугарите во земјава, рекол Радев, не е билатерално ниту, пак, е балкански спор, како што се обидува да се претстави, туку ги засега основите на ЕУ.
„И денес, кога нè повикуваат да не поставуваме нови услови за евроинтеграциите на РСМ, кога нè повикуваат да престанеме да гледаме во минатото, туку само напред, само кон иднината, мораме мирно и јасно да кажеме дека не поставуваме никакви нови услови. Сакаме Скопје единството да ги исполни веќе преземените обврски кои се утврдени во преговарачката рамка“,
изјавил бугарскиот претседател, кого го цитира БНТ.
Со јазикот на омразата, додал Радев, не можеме да градиме добрососедски односи и одржлива европска иднина.
Бугарскиот претседател ова го кажа по низата изјави на претставници на Европската Унија во изминатиов период во кои се нагласува дека билатералните прашања меѓу С Македонија и Бугарија не треба да бидат обврзувачки.
Ваква изјава неодамна даде високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел кој кажа дека нема пречки за пристапувањето на Македонија во ЕУ, а оти билатералните прашања нема да го одредат процесот на нејзиното пристапување кон ЕУ.
Што содржи преговарачката рамка
Преговарачката рамка за Македонија што е усвоена од ЕУ е имплеметиран договорот за добрососедство што го потпишаа Заев и Борисов и од резултатите на историската комисија ќе зависи нашето членство во ЕУ.
Во едностраната декларација на Бугарија, која не влијае на формулацијата за македонскиот јазик во Преговарачката рамка, меѓу другото, стои:
„Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературниот бугарски јазик. Создавањето на ‘македонски јазик’ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со локални форми, со што се симулира ‘природен’ процес заснован на дијалектна форма.
Секое повикување на официјалниот јазик на Република Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и сл. на ЕУ и нејзините институции, органи, служби и агенции треба да биде сфатено строго во согласност со Уставот на оваа држава и во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на ‘македонски јазик’“.
Comments are closed for this post.