Економијата е најголем проблем за граѓаните на Македонија. Тие не очекуваат подобри денови од актуелното државно раководство, ниту пак му веруваат дека презема мерки за сузбивање на криминалот и на корупцијата. Резултатите од анектата на Маркет вижн објавени вчера покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство со двојно повисок рејтинг од владејачката СДСМ. 22% од испитаниците се определиле за партијата што ја предводи Христијан Мицкоски, а само 11,5% за партијата на чело со Димитар Ковачевски. ДУИ се уште е најпопуларна албанска партија, за интегративците на Али Ахмети би гласале 9,2 отсто.
Со еден збор, рејтинзите доволно говорат дека на актуелното владејачко раководство деновите му се избројани.
Речиси половина од избирачите сметаат дека најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност. Високи 43,6% од испитаниците кои учестувале во телефонската анкета на Маркет вижн, спроведена од 5 до 16 јуни, за потребите на МКД.мк сметаат дека економските и стопанските параметри се во очајна состојба.
На прашањето дали сметате дека Македонија се движи во позитивна насока, мал дел од испитаниците (само 14,2%) се согласуваат со ова. Нешто повеќе од една четвртина сметаат дека стои во место, додека 55,5% сметаат дека оди во негативна насока.
Подобрување на животниот стандард со премиерот Димитар Ковачевски очекуваат само 18 отсто од испитаниците. Сличен процент (19 отсто) очекуваат Владата до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата, наспроти две третини од испитаниците кои не очекуваат Владата да донесе подобрувања во економијата до крајот на својот мандат.
Испитаниците од македонска етничка припадност во споредба со испитаниците од албанска етничка припадност се помали оптимисти за тоа дека државата се движи во позитивна насока.
Рак-рана на општеството се нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата за 26,7% од испитаниците, што претставува силен аларм имајќи предвид дека 79,8% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.
Проектот за изградба на кориорите 8 и 10 го поддржуваат 59,4% од испитаниците. Само 12,9% сметаат дека проектот кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ не е коруптивен, додека нешто повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека е подобро овој проект да не се гради под вакви услови. Приближно една четвртина од испитаниците кои го поддржуваат проектот, сметаат дека не треба да се гради под вакви услови.
Анкета на Маркет Вижн покажува и дека премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ најмоќната партија во владата Али Ахмети немаат поголема доверба од граѓаните споредено со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски сам има 12 проценти додека Ковачевски и Ахмети имаат исто толку но како збир (6,1 + 5,9).
Ова е прв случај во историјата на македонските анкети лидер на опозиција да има ист или поголем рејтинг од двете најголеми партии во владата.
Анкетата покажува дека за околу сто дена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се зголемила за најмалку 20 илјади гласа во корист на партијата на Христијан Мицкоски.
Comments are closed for this post.