ДУИ на втори јули ќе бира шеф на огранокот во Струга. Оваа информација нема да биде значајна доколку не се случеше ставањето на црната листа на САД на градоначалникот на Струга.
Но, за главен на огранокот на Струга единствен кандидат е токку Мерко, дознава „Пресинг ТВ“ од партиски извори.
Останува да се види дали ДУИ ќе се откаже од Мерко или пак градоначалникот ќе се повлече од партиските функции.
Инаку Мерко, покрај градоначалник е и член на Централното претседателстово на ДУИ и шеф на огранокот во Струга.
Покрај Мерко, уште еден член на ДУИ и на централното претседател е на црната листа на САД, а тоа е поранешниот пратеник Џевад Адеми.
Comments are closed for this post.