Македонските екипи попладнево со жрепка во Нион ги дознаа можните противници за второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Освојувачот на националниот Куп, Македонија Ѓорче Петров, ќе игра против азербејџански Сабах, доколку во воведното коло успее да го елиминира РФС од Летонија.
Фудбалерите на Шкендија со евентуален успех на стартот од квалификациите против велшки Хаверфордвест во второто коло за противник ќе го имаат победникот од дуелот меѓу Б36 Торшавн од Фарските Острови и естонски Паиде, додека Шкупи ќе игра против бугарскиот претставник Левски во случај да ја мине првата пречка во литвански Хагелман.
Доколку македонскиот првак Струга во воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони претрпе елиминација од литвански Жалгирис, за противник во второто квалификациско коло во Лигата на конференции ќе има екипа од прелиминарната рунда која дополнително ќе биде позната.
Првите натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на конференции се на програмата на 27 јули, а реваншите на 3 август.
Comments are closed for this post.