Спроведувањето на спектакуларниот план за бегство што го смислиле двајца браќа од Турција минатата недела го спречиле службениците од затворот Спуж во Црна Гора!
Браќата Е. и М.Сахити биле сместени во посебни соби во истражниот затвор, на полуотворен простор, а во моментот на обидот за бегство од здравствени причини се уште биле во карантин, пишува „Дан“.
Еден од браќата успеал да ги пресече решетките на прозорецот од ќелијата, како што претходно се договориле. Меѓутоа, другиот брат задоцнил да ги исече решетките и тоаги чинело слобода бидејќи приведениот кој си ја завршил работата не побегнал, туку решил да го чека својот брат.
Comments are closed for this post.