Првиот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Ричард Голдстон, ги спореди претседателот на Русија, Владимир Путин, и поранешниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, велејќи дека дури ни Милошевиќ не мислел дека ќе биде тужен за воените злосторства што ги направил.

 

„Злосторствата за кои се обвинети Путин и неговиот помошник се тешки кривични дела. Тоа се злосторства кои би го шокирале секој нормален човек. Сепак, Путин нема да биде изведен пред суд се додека е шеф на државата“, изјави Голдстон.

Тој беше прашан дали на Путин може да му се суди за злосторства против Украина.
Последно што му паѓа на памет е дека некогаш ќе биде изведен пред судот во Хаг, но истото го мислеше и Милошевиќ. „Да го прашавте Милошевиќ во 1994 или 1995 година дали сака да му се суди, тој ќе ви се насмееше“, рече Голдстон.

Милошевиќ не можеше да замисли дека „ќе има револуција, промена на власта и дека неговиот наследник ќе го качи во авион и ќе го испрати во Хаг“, рече тој.

 

Тој додаде дека не би сакал да биде „во кожата“ на Путин.

„Никој не знае што ќе се случи во иднина, не би сакал да бидам „во чевлите“ на Путин и над мојата глава да ми виси налог од Меѓународниот кривичен суд“, рече тој.