Изет Меџити, предводник на незадоволната група во ДУИ тврди дека нивни членови и приврзаници трпат притисок од страна на директорите и раководителите во јавната администрација, како и во општините.Меџити за „Република“ вели дека ова се случува подолг период.
-Цело време се случува овој притисок. Наши членови и привразаници се разрешуваат или бркаат од работа. Покрај тоа, тие се принудени да одат на митинзи на ДУИ каков што беше последниот митинг во Чаир и да се фотографираат дека биле присутни-открива Меџити за „Република“.
Војната меѓу т.н „Огнена група“ и раководството на ДУИ трае подоголго време. Оваа незадоволна група бара разрешување на Артан Груби кого го сметаат за главен виновник за случувањата во партијата.
Comments are closed for this post.