Меѓу политичарите, граѓаните имаат најголема доверба во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажува анкетата на ИПИС.

 

Тој има убедливо водство со рејтингот пред сите останати, а посебно е очигледна разликата во довербата во него и во таа која граѓаните ја имаат во премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

 

Дека имаат најголема доверба во Мицкоски, се изјасниле 13,5% од испитаниците. Доверба во Ковачевски кажале дека имаат само 5% од граѓаните.