Исклучително непријатна сцена ја одбележа полуфиналната пресметка на Мастерсот во Рим меѓу Данило Медведев и Стефанос Циципас.
Рускиот тенисер го совлада лутиот ривал од Грција со резултат 2:0 (7:5, 7:5) и обезбеди пласман во финалето, а мечот го одбележа скандалозното однесување на Циципас.
Имено, Гркот среде натпревар пцуеше, и се развика на својата мајка Јулија Апостоли и на крајот ја избрка од свечената ложа.
„Не зборувај на руски. Зборувај на грчки! Зборувај на својот јазик жити Бога“, рика Циципас.
Comments are closed for this post.