Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ даде интервју за италијанските медиуми, во кое тема беше Косово.
Ѓоковиќ рече дека сака со семејството да оди на Косово и таму да ги крсти синот Стефан и ќерката Тара.
“Сакам да одам на Косово со сопругата Јелена и таму да ги крстам моите деца. Знам дека темата е многу чувствителна бидејќи таму се уште има конфликт, без оружје во моментов. Но има тензија. Не сакам да бидете вклучени во политиката, но за секој Србин Косово е срцето, центарот на нашата култура, нашиот идентитет, традиција и религија“, рече Ѓоковиќ.
Comments are closed for this post.