Цената на златото скокна за 10,94% оваа година, поттикната од геополитичката нестабилност, вклучувајќи ја војната во Украина и зголемената инфлација. Цената на златото ја поддржаа и светските централни банки на земји како Индија, Турција, Кина и Русија, кои купија рекордни количини злато.
Повеќето трговци се согласуваат дека банкарската криза е фактор што ги турка цените на златото кон рекордно високо ниво, а кризата изгледа далеку од завршена во овој момент. Oчекувањата се дека цената на златото да достигне 2.300 долари во наредните месеци.
Comments are closed for this post.