Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе биде одржана јавна седница за кривичниот предмет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Од Апелација соопштија дека јаваната седница е закажана за 10:30 часот.
Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Ѓорѓиевски и Левковска добија по 18, а Костовски 16 години затвор.
Дваесет и седумгодишниот Тот, кој настапуваше за македонскиот суперлигаш Бутел, почина на 8 април 2022 откако бил претепан пред ноќен клуб во Градски парк.
Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.
Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска.
Comments are closed for this post.