Британскиот тенисер Енди Мареј долго време не сакаше да зборува со јавноста за траумите од детството кога го преживеа масакрот во училиште слично на вчерашното во Белград.
Тоа се случило на 13 март 1996 година во Данблан, кога 43-годишниот Томас Хамилтон влетал во училиштето и почнал да пука. Убил 16 деца на пет и шест години и една учителка . На крајот и самиот си пресудил.
Енди Мареј имал девет години и беше во соседната училница додека се одвиваше масакрот.
„Тенисот е многу важен во мојот живот поради таа траума од Данблан. Сигурен сум дека беше тешко за сите деца, од различни причини. Го знаевме тој човек, кога отидовме во детскиот клуб, тој беше со нас на автобусот“, рече Мареј.
Comments are closed for this post.