Почнувајќи со овој викенд ВМРО-ДПМНЕ почнува со акција „Ова е Македонија за сите“ која ќе трае до роденденот на партијата 17 јуни. Овој викенд 19 тимови ќе посетат над 100 населени места во Република Македонија и ќе остварат средби со граѓани без разлика на нивната политичка, етничка и верска припадност. Целта на средбите е да се запознаат граѓаните со активностите на партијата од една страна, но и да се слушнат проблемите на граѓаните и заедно да изнајдеме начини на нивно решавање.

Целта на акцијат„Ова е Македонија за сите“ е да ги обединиме луѓето околу принципите на заедничкиот патриотизам, околу промени кои насушно и требаат на државата и потребата од заедничка борба за подобра иднина. Сето ова е спротивност и одговор на понудата на власта на СДС и ДУИ која Македонија ја носи во беда, понижувања, сиромаштија и иселување. ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на работа, вредности и идеал за напредна Македонија. Тоа ќе го постигнеме заедно со народот, затоа што ние народот го почитуваме и народот е клучен фактор во Македонија кој знае да процени што е добро, а што лошо за него и за државата.

Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во акцијата и да придонесат со својата идеа, мислење или да лоцираат проблем и предизвик, кои потоа заедно ќе ги решаваме со цел да ја обновиме Македонија од катастрофата во која СДС и ДУИ ја доведоа.