Крвната освета се уште е присутна кај Албанците во регионот. Таков е примерот со Мане Дриза (44) му нанел повеќе од 120 рани на Стефан Бледар Моне (23) во неговиот стан во Вембли, северен Лондон во 1999 година. Зад сетоа ова стои крвната одмазда…

Албанецот Мане Дриза (41), познат како Тони Монтана од мафијашкиот филм на Ал Пачино „Scarface“, го претепал и избодел сонародникот Моне  со секира, џебен нож и нож за сирење. Бремената девојка на Моне, Зои Блеј, го пронашла неговото тело следниот ден, но можела да го идентификува само по неговата препознатлива тока на појасот,

Доживотен затвор

Судијката Сара Мунро, 20 години по убиството, го осуди Дриза на доживотен затвор во 2019 година, а тој мора да одлежи најмалку 20 години пред да има право да поднесе барање за намалена казна.

На поротниците тогаш им било кажано дека Дриза, кој по занает е каменорезец, збеснал откако неговиот цимер Моне му ја зел бурмата и ја дал на својата партнерка. Дриза се пресели кај него откако се распаднал неговиот краток брак со бразилската чистачка Рози Дриза.

Сериски убиец

Ова не било  првпат Дриза да одземе нечиј живот, а очигледно не бил ниту последен. Нападот на Дриза врз Моне дошол две години откако тој убил двајца мажи – татко и син – во неговото родно село, а потоа побегна во Британија под лажното име Сокол Дренова.

Откако ја убил својата трета жртва – Моне – полетал за Италија, каде убил двајца мажи во бар во Катанија, Сицилија, шест месеци подоцна. Се обидел да го убие третиот човек во локалот, но му се заглавил пиштолот.

Додека бил во затвор на Сицилија во 2000 година, тој бил испрашуван од Скотланд Јард за убиство во Британија. Дриза тогаш тврдеше дека Моне бил во затвор со една од неговите жртви во Албанија и дека бил платен за да се одмазди за смртта на овој човек.

Во едно бил убеден – дека Бледар Моне бил платен за да го убие, бидејќи пред тоа Бледар Моне бил во затвор заедно со човекот што Дриза го убил во Албанија. Тој отишол да живее кај него затоа што сакал да ја добие неговата доверба“, се вели во извештајот по сослушувањето.

На денот на убиството, Дриза тврдеше дека Моне прво дошол кон него со нож и го удрил со безбол палка. Во транскриптот  пишува:

“Видел многу крв. Не се сеќава бидејќи изгубил контрола врз себе. Се започна затоа што Бледар Моне сакал да го убие. Прво го удрил Бледар Моне, па вели дека можеби и тој го удрил. Се сеќава на моментот кога го избодел“.

Извор: Мондо.рс