Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле, соиграч на Сергеј Милинковиќ Савиќ, во неделата доживеа сообраќајна несреќа во Рим, а имал голема среќа, бидејќи автомобилот е доста оштетен.
Италијанските медиуми јавуваат дека во несреќата учествувале неговиот автомобил и трамвај, додека тој го минувал мостот Матеоти на неколку километри од стадионот на Лацио.
Трамвајот помина на црвено светло. За среќа, добро сум, ме боли само раката – изјави капитенот на Лацио, чија рака беше крвава по несреќата.
Comments are closed for this post.