Секој ден граѓаните ги слушаат СДСM и ДУИ со полни зборови за Европа, а еве им сега шанса да ги претворат во дела тие зборови. ВМРО-ДПМНЕ безусловно и веднаш, прифака уставни измени по моделот на Хрватска, велат од партијата.
Македонија да стане национална држава на Македонците и малцинствата во нејзе. Односно Македонија би била држава на еден народ, со широко набројување на сите малцинства.
Тоа би изгледало вака:
“Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права, со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН”
Веруваме дека СДС и ДУИ нема да имаат ништо против, да прифатат европски устав како решение за уставните измени
Comments are closed for this post.