Можам само да замислам како им е. Оваа информација ја добив утрово затоа што една ученичка која била на екскурзија и се јавила на мајка си. И оттогаш сите сме во шок. Никој не знае што точно се случило, повеќе ќе знаеме во понеделник. Прашање е дали воопшто ќе има настава во понеделник поради овој трагичен настан. Го познавав тоа момче. Тоа е страшна трагедија – велат од училиштето на починатото хрватско момче во Прага.
Во тек истрага, а повеќе информации ќе се знаат кога амбасадата во Чешка ќе испрати официјален извештај. Смртта на ученикот наводно е несреќен случај, односно пад од височина.
Инаку, на училишниот излет беа учениците од општите и јазичните средни училишта, трета и четврта година.
Comments are closed for this post.