Заврши операцијата на Бојан Јовановски која траеше четири часа, потврди неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тој објаснува дека се работело за сериозен зафат за кој ќе треба подолга рехабилитација.
На Бојан му се остранети сите предканцерогени ткива и голем дел од желудникот. Операцијата заврши успешно и сега тој е на интензивна нега-потврди Дуковски за „Рressing TV“.
Поради неговата лоша здравствена состојба неговиот правен тим бараше прекин на затворската казна но барањето беше одбиено.
Јовановски од затвор го најави и случајот „Бумеранг“ со околу еден милион „бомби“, разговори и смс пораки заза актуелни политичари, судии,обвинители и функционери.
Comments are closed for this post.